Не постои човек кој не ја знае безвременската детска песничка „Сакам кола убава“, која пред 29 години на Златно славејче ја отпеа Дарко Давитковски.
Познато е дека Дарко беше активен и во политичкиот живот, односно еден период беше претседател на Социјалдемократската младина на Македонија, односно СДММ.
Популарната „Сакам кола убава“ беше испеана пред 29 години во 1995 година на фестивалот „Златно Славејче“,
а песната брзо стана хит, можеби затоа што беше со несекојдневен текст за детска песна, со рефрен кој лесно се паметеше.
Дарко во една прилика рече дека многу му е драго кога ќе види дека после толку години се уште ја знаат песната, ја пеат на детски родендени, прослави…