УХМР ја објави најновата временска прогноза: Денеска не заборавајте да понесете чадор

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд.

Во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се наведува дека денеска ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе биде од минус 3 до 6 степени, а во текот на денот ќе се движи од 5 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска, според прогнозта на УХМР, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Наутро температурата ќе биде 2 степени над нулата, а во текот на денот ќе се искачи до 15 Целзиусови степени. 

За утре од УХМР најавуваат дека времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи од минус 4 до 4 степени наутро,а во текот на денот таа ќе се искачи до 15 Целзиусови степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде