ВИДЕО: Се појави снимка од нападот на членот на обезбедувањето на Мицкоски на колега полицаец

Снимките од безбедносните камери од познат скопски локал, до кои дојде „360 степени“, покажуваат што точно се случувало на преминот меѓу саботата и неделата (17 и 18 февруари) кога Ивица Б., член на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, нападна колега полицаец кој бил на служба таа вечер.

На почетокот на видеото, како што пренесуваат од медиумот, се гледа како Ивица Б. (облечен во црна блуза) и Влатко Г. (облечен во зимска јакна во окер боја) разговараат во внатрешноста на локалот.

За кратко време Ивица Б. почнува да го турка Влатко Г. и го изнесува надвор од објектот, каде што туркањето продолжува.

Притрчуваат други припадници на Единицата за недозволена трговија во МВР, кои се на задача, и се обидуваат да ги раздвојат, но Ивица Б. во еден момент замавнува со левата рака и со тупаница го удри Влатко Г. во главата.

По ова, се гледа како Ивица Б. продолжува да му се обраќа на Влатко Г. и да мавта со прст кон него оставајќи впечаток дека му се заканува. Во еден момент повторно го удира по рацете.

Случувањата пред локалот се снимени од две камери од различни агли, пренесува „360 степени“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде