Малолетници со „Рено“ излетаа од коловозот, тешко повредено едно од децата

Вчера на регионалниот пат Гостивар – Градец, на излезот од селото Неготино, „сеат“ со гостиварски регистарски ознаки управуван од малолетник од гостиварско Сенокосе,

излетал од коловозот и удрил во паркирано товарно возило „рено“ со гостиварски ознаки, сопственост на жител од Неготино, објави СВР Тетово.

Во несреќата, возачот се здобил со телесни, а неговиот малолетен сопатник од истото село со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде