Најнова вест: Денеска седница на Апелациониот суд – еве што изјавил таткото на Вања

Таткото на убиената 14 годишна Вања Ѓорчевска, Александар денеска пред Апелациониот суд на јавна седница побара да му се укине мерката притвор.

Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. Тој од декември е во притвор во Шутка, објави Телма.

Ѓорчевски пред судот изјави дека не познава никој од осомничените, вели за Телма неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ.

Седницата беше јавна, но во последен момент бил известен и Туфегџиќ.

Љупчо Палевски Палчо кој е во екстрадициски притвор во Турција е осомничен дека ја убил Вања и велешанецот Панче Жежовски.

Останатите осомничени Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски исто така се во притвор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде