Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесувала 39 998 денари и во однос на декември 2022 е поголема за 16.4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
За еден месец, платата на секој еден вработен во Македонија во просек се зголемила за повеќе од 1500 денари, покажува анализата на државниот завод за статистика.
Според неа, во ноември лани просечната плата изнесувала 38.359 денари додека во декември лани платата скокнала на 39.998.
Растот на платите се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите:
Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.5 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (27.1 %) и Градежништво (21.8 %).
Просечната бруто-плата во декември 2023 година, изнесувала 60 036 денари.