Двајца малолетници се повредени откако во средата со четирицикл излетале од пат во Струмица.
„На 21.02.2024 во 19.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ѓорги Упчев“ и ул.„Мара Минанова“, четирицикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струмица, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Струмица,
а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општата болница Струмица“, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.