Свирепо убиство попладнево се случи на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, објави Слободен печат.
Со прострелни рани од автоматско оружје пронајдено тело на 56 годишник.
Како што дознаваат од Слободен печат, станува збор за татко на Гани Туша човекот кој е осомничен за убиство на криминалецот Оки и кој во моментов е на издржување на казна затвор.
Убиството за Слободен печат го потврдува и МВР. Од таму велат дека во 18.10 ч. во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. (56) без знаци на живот, со прострелни рани од огнено оружје.
Додаваат дека во моментов се преземаат мерки за расчистување на случајот.