Припадник на црногорска организирана криминална група е убиен во вторник наутро во црногорскиот пристанишен град Бар, во инцидент што предизвика полицијата да го блокира градот и интензивно трага по еден или повеќе сторители.
Според црногорските медиуми, Едмонд Мустафа бил убиен во мафијашка ликвидација, а убиецот избегал со мотоцикл.
Црногорската полиција тврди дека привела едно лице кое, според медиумите, е блиско до криминалниот Шкаљарски клан, а кое, како што е соопштено, може да биде поврзано со убиството на Мустафа.
– Во мерките на првата интервенција во службените простории на полицијата е донесено едно лице чиј идентитет е познат на службениците од Управата за полиција, а во врска со кое се вршат детални проверки поради постоење сомнение дека тој е поврзан или може да биде поврзан со извршувањето на ова кривично дело, се наведува во соопштението на црногорската полиција.
Поради убиството на Мустафа, во Бар е уапсен извесен Дино Ибрахимовиќ, дознава телевизискиот канал Телевизија Е.
Инаку, полицијата трагала по Ибрахимовиќ поради убиство на Шчепан Рогановиќ, исто така, доведуван во врска со криминалното милје во Црна Гора и во регионот.