Пензиите што ќе бидат исплатени в петок ќе имаат статистичко покачување од пет отсто, информира министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.
Според него, податоците покажуваат пет проценти на, како што наведе, условно кажано покачувањето на пензиите.
„Добиени се сите податоци од статистика, веќе е направена пресметката.
Јас тоа не би го кажал зголемување, бидејќи пет проценти колку што покажуваат бројките на условно кажано покачувањето на пензиите, што треба да бидат исплатени на 1-ви во петок.
Така што, ова статистичко покачување од пет проценти е во моментов што пензионерите ќе го добијат како дополнување на нивните пензии“, рече Велковски