Мајка брутално претепа девојка која ја малтретирала нејзината ќерка пред училиште: Ја удирала со клоци во глава

Девојка (14) од Унгарија е тешко повредена кога била нападната од мајка на другa ученичка недалеку од училишниот двор.

На бруталниот напад му претходела расправија и туркање на две девојки. Мајката на една од нив кога слушнала дека нејзината ќерка има проблеми дошла на училиште и чекала другата девојка да се пресмета со неа.

Таа минатата среда се нафрлила на детето недалеку од училиштето, а други деца во шок го снимиле нападот.

Ја удрила девојката со нога во глава

На видеото кое заврши на социјалните мрежи, а нема да го објавиме бидејќи е премногу шокантно, се гледа како жена ја удира девојката во глава и ја влече за коса.

„Ќе ми го тепаш детето, сега ќе ти ги истурам цревата“, се слуша како вели мајката на видеото.

Набрзо на терен пристигнале екипи на итната помош кои го пренеле девојчето со потрес на мозокот во болница, а против мајката е поднесена кривична пријава.

Таа се товари за нанесување тешки телесни повреди и доколку биде прогласена за виновна, се соочува со затворска казна до пет години. Извори упатени во случајот велат дека на бруталниот напад му претходела банална расправија меѓу двете девојки.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде