Трагична вест го потресе регионот: Татко си го уби синот

Во Владимирци, Србија, се случило убиство кога татко со ловечка пушка пукал во својот син (37) и го убил.

Како што неофицијално потврдија од Министерството за внатрешни работи на Србија за порталот Нова.рс , таткото по злосторството се обидел да се самоубие со истрел од пушка, но преживеал.

Тој е тешко повреден и пренесен во болница. 

Мотивите не се познати, а како што неофицијално дознава порталот Нова.рс, во семејството претходно не било пријавено семејно насилство.

Полицијата во моментов спроведува увид, а истрагата е во тек.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде