Само во Македонија: Паднал од кревет во болница и се јавил на 112 оти два часа никој не дошол да го крене

На единствениот број за итни случаи 112 дневно се примаат околу 2.000 повици.

Како што вели директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов во подкастот  на САКАМДАКАЖАМ.МК „За секого по нешто“, половина од повиците се лажни, погрешни и злонамерни, но вработените сите ги сослушуваат. Со тоа, вели Ангелов, помагаат индирекно затоа што овие граѓани не ја држат зафатена линијата на Брзата помош или полицијата.

„Често се случува да се јави некоја повозрасна госпоѓа само за да си направи муабет. Има луѓе кои се јавуваат да проверат дали им работи телефонот или пак се јавуваат деца“, вели Ангелов.

Подкастот со Стојанче Ангелов може да го гледате тука:

Извор: SDK.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде