Двајца жители на прилепското село Сенокос, од кои еден малолетен се осомничени дека синоќа убиле 14-годишно дете од Прилеп.
„Детето има неколку убодни рани по грбот и рацете, но обдукцијата ќе покаже која е причината за смртта. Имаме првични основни сомнежи за настанот“, изјави тогаш Стевчо Биноски, јавен обвинител од ОЈО Прилеп.
Семејството на младото момче Александар е во шок после големата трагедија.
Не можеме да се совземеме од трагедијата која ни се случи. Нашиот син Александар повеќе го нема, и постојано се прашуваме дали ова можеше да се спречи.
Нели знаела мајката на убиецот дека тој има ножеви, дека е проблематичен, нели знаеле нешто од Центарот за социјална работа од Прилеп, кога и на училиште се однесувал проблематично? – со растреперен глас за ,,Фокус” зборува Маријана Димова од Сенокос, Прилеп.
Маријана вели дека момчето осомничено за убиството на Александар го знаела од видување, бидејќи живеат во исто место, а во минатото повремено се дружел и со нејзиниот син.
Раскажува дека таткото на осомничениот починал пред околу 12 години, бил убиен од човек од селото, и таа дури кога го гледала како мало момче, го сожалувала.
Целиот текст на ФОКУС прочитајте го ТУКА
Извор и фото: ФОКУС.мк