Шкотскиот водител Ник Шеридан, инаку водител на Би-Би-Си, почина на 32-годишна возраст, објави познатата телевизија.
Сè уште не е објавена причина за ненадејната смрт.
Многу колеги се простија и од Шеридан, кој ќе остане запаметен како „многу талентиран“, вклучувајќи го и шефот за вести на Би-би-си во Шкотска, Гери Смит.
Изјавата на Смит, објавена на социјалните мрежи денеска (четврток, 7 март), гласи:
„Ужаснати сме кога ја слушнавме веста дека нашиот колега и пријател Ник Шеридан починал. Ник беше прекрасен колега.
Тој беше исклучително талентиран новинар, водител и писател – и еден од оние ретки луѓе кои ги разубавуваат животите на сите околу него.