Трагедија во Гевгелија: Загина малолетник од гром

Трагедија се случи во гевгелиското село Негорци, каде попладнево имаше силно невреме.

Гром удрил во тинејџер, кој починал на лице место. Настанот од МВР со потврдуваат за „Скопје1“.

„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со изгореници по телото, најверојатно од удар од гром, кај малолетник од с.Негорци, кој напасувал добиток“, велат од МВР.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде