Квиз шоуто „Се или нешто“ долги години се емитува на малите екрани, а верните и бројни гледачи на популарната игра со банкарот, може да уживаат во доста интересни епизоди и натпреварувачи.
Така беше и вечерва. Натпреварувачот до самиот крај не го отвори милионот, но заработи само 55.000 денари.
Тој ја прифати понудата од банкарот многу порано, а во последната рунда банкарот имаше понуда од 350.000 денари.
Уште на самиот почеток од играта кажа дека ќе го чува бројот 6 до самиот крај на емисијата, но не беше доволно храбар да оди до крај.
На крајот си замина дома со само 55.000 денари.