Македонски државјанин од албанска националност, застрелал жена од Србија на патарина кај Прешево, а потоа се самоубил, објавува Мондо.рс.
Претходно српските медиуми во првичната објава на вест објавија дека Македонец застрелал помлада жена, па си го одзел животот.
– На наплатната рампа кај Прешево вечерва по расправија македонски државјанин од албанска националност застрелал жена од Србија, која има околу 30 години, а потоа се самоубил.
Полицијата веднаш го блокирала тој дел од патот, објави Мондо.рс.
Тој им подлегнал на повредите, а на пукањето ѝ претходела расправија. Жената е во тешка состојба, потврдија од болницата во Врање.