Малолетник од гевгелиското село Негорци вчера загина од удар на гром откако овој регион бил зафатен од силно невреме. Сите во шок и неверување, се опростуваат од 17-годишниот Трифун.
Текстот е напишан од Васка Ј, во групата на земјоделие:
-Премногу е болно и тажно,но сакав да ја споделам оваа тажна вест во најголемата земјоделска група.
Плачам и пишувам …..
Денес Македонија загуби едно златно дете од удар од гром на само 17 год. пасејќи ѓи овците во околината наречена ,,К’рот”во атарот на село Негорци.
Дете кое прооде со неговите јагниња и на нивата во полето,на тракторот…
Дете кое стануваше во 5 ч.наутро да ги измолзе овците и потоа одеше на училиште, а потоа повторно одеше да помогне на неговата фамилија.
Дете кое се радуваше на животот,секогаш насмеан,сакан од најблиските,не се жалеше на работата туку напротив уживаше и со мерак ја работеше како возрасен земјоделец и сточар.
Тој ги почитуваше сите..и старо и младо…
Имаше многу пријатели од сите националности и често другаруваше со нив.
Царство -небесно Трифун Бучков, нека ти е светол патот….
Фото: Илустрација