Хорор детали: Македонски државјанин ја застрела сопругата, па се самоуби

38 годишна жена вчера беше застрелана на патарина пред Прешево.

Во неа стрелал 52 годишен македонски државјанин кој потоа се самоубил. Жената во тешка состојба  е пренесена во болницата во Врање.

Македонскиот државјанин и жената биле во „ауди“ со македонски регистарски таблички. Во еден момент жената излегла од автомобилот и почнала да бега.

Мажот излегол по неа испукал неколку куршуми и ја ранил, а потоа се оддалечил од местото, по што се вратил и си пукал во глава.

Тој им подлегнал на повредите, а на пукањето и претходела расправија. Мотивите за обидот за убиство и самоубиство не се познати.

Лекарите во Врање се борат за животот на жената.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде