Вонредна вест: Се преврте цистерна со плин – ЦУК со првични информации

ЦУК известува дека од Регионалниот ЦУК Битола е добиена вонредна информација:

Во 09.30 часот од страна на РЦУК Прилеп е известено за случена сообраќајна незгода во близина на с. Вашарејца – Битола. Превртена е цистерна со плин.

Известени се ТППЕ Битола којашто прати 4 пожарникари со 1 ПП возило, а МВР Битола се веќе на терен.

Возачот на камионот е лесно повреден и е пренесен во клиничката болница во Битола од страна на Итна медицинска помош.

За подигање на цистерната се чека механизација.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде