„Умрев од страв“, „Сите не разбуди, долго време се тресеше“: Први реакции на граѓаните по силниот земјотрес во Црна Гора

„Умрев од страв“, „Сите не разбуди, долго време се тресеше“, „Многу долг земјотрес“, велат граѓаните на Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина, кои утрово во 04:06 часот ги разбуди многу силен земјотрес што ја погоди Црна Гора.

Во раните утрински часови, во 4 часот и 6 минути, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, кој беше почувствуван и цела Хрватска и Босна и Херцеговина, но и во Македонија.

По проценките беше соопштено дека нема опасност од цунами.

Земјотресот беше почувствуван се до Сараево, Дубровник, и на многу други локации.

„Тресењето беше долго и силно“, сведочат жителите на Херцег Нови.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде