Уште еден земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Црна Гора.
Како што пренесува EMSC, земјотресот е регистриран во 12:48 часот по локално време на длабочина од девет километри.
Епицентарот на земјотресот бил на 7 километри од Плужине.
Да потсетиме, силниот земјотрес, кој утрово околу 4 часот ја погоди Црна Гора, предизвика големи материјални штети во селата во близина на епицентарот на земјотресот, а не беше поштедена ниту соседна Босна и Херцеговина.
Во месноста Гац, во градот се регистрирани помали штети, а екипи на штабот за вонредни ситуации сега ги посетуваат селата долж границата за да видат каква е состојбата таму.
На подрачјето на Голија беа регистрирани неколку одрони, поради што патиштата се затворени. Проблеми имаше и на границата, но одронот беше расчистен за да можат возилата да минуваат.