Пристигна прекрасна вест: Малата Срна си оди дома, мајката се заблагодари на медицинскиот персонал и на сите кои помогнаа

Тригодишната Срна замина од болница, откако со помош на граѓаните се собраа средствата за лекување во приватната болница „Систина“. Мајката Васка Цветаноска-Панова се заблагодари на докторот Ристо Симеонов.

Др Risto Simeonov немам зборови да опишам колку сме ви благодарни! Затворивте едно поглавје од приказната на нашата Срна, и тоа успешно!

Како родители решивме да не чекаме повеќе и да го олесниме нејзиното лекување. Целосно ви ја доверивме а вие целосно и се посветивте.

Срна имаше класична отворена операција за отстранување на каменот, кој веќе беше тргнал надолу. Каменот голем, но мал за вашата стручност, грижа и топлина.

Кога ме свикаа сестрите да одам во соба за будење, вие бевте до неа и ме пречекавте со насмевка. Во истиот момент ми падна камен од душава.

Медицинскиот персонал од Acibadem Sistina Hospital вие мили тетки и дадички ни бевте ветер во грбот. Толку бевте внимателни и трпеливи кон Срна но и кон нас како родители.

Народе наш, благодарение на сите вас денес си ја носиме дома. Но повторно ќе се вратиме тука, следат контроли и нови испитувања. Среќна сум што имаме каде и има кој…напиша Васка Цветаноска-Панова.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде