Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди јапонската префектура Фукушима

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди јапонската префектура Фукушима, но официјално предупредување за цунами не е издадено, соопшти денеска Јапонската метеоролошка служба.

Земјотресот е регистриран во 6.17 часот во голем број градови во префектурата Фукушима, вклучително и Футаба и Окума, потврди метеоролошката служба, пренесува Кјодо.

Се наведува дека епицентарот на земјотресот бил во близина на Фукушима на длабочина од околу 50 километри.

По земјотресот во нуклеарните централи Фукушима Даичи и Фукушима Даини, не се откриени никакви абнормалности, потврди операторот на овие компании, Токио Електрик Пауер Компани Холдингс Инк.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде