Маж (33) од Романија, кој планирал да седне на претседателската фотелја на општина во округот Слатине, завршил зад решетки под сомнение дека силувал 14-годишно девојче, ќерка на негов колега.
Девојката била силувана минатата недела, кога се согласила да влезе во возилото на осомничениот за да ја пренесе до градот.
Според медиумите, жртвата и осомничениот живеат на иста улица и напаѓачот ја познавал уште од нејзиното раѓање.
Не ни замислувајќи што може да и се случи, тинејџерката влегла во неговиот автомобил и со него се упатила до Каракал, неколку километри подалеку, за да купи нешто во градот. Но, на половина пат пријавениот го запрел возилото, ја заклучил вратата и ја нападнал.
По грозоморниот чин се обидел да ги отстрани трагите на злосторството, а на девојката и се заканувал со смрт. Како што рекол изворот од истрагата, силувачот и рекол на девојката дека ќе заврши како девојките кои ги убил криминалецот Ѓорѓе Динча.
Преплашена не им кажала ништо на родителите, но бидејќи постојано се тресела, а потоа изгубила свест, тие набрзо дознале што се случило.
Случајот веднаш го пријавиле во полиција и „политичарот во подем“ е уапсен, а наводно има и непобитни докази дека силувал девојче.
На политичарот му е одреден притвор до 30 дена.