Почина братот на ѕвездата на „Гранд“, пејачката Милица Костадиновиќ.
Таа скршена од болка со емотивни зборови се прости од него на социјалната мрежа Инстаграм.
– Драг моја, бато мој, зошто вака? Не се согласивме вака. Те сакам бато, секогаш бев тука. Те сакам, те сакав и ќе те сакам. Барем ме знаеш ти. Ти беше единствениот кој беше секогаш таму, знам дека сеуште си таму и дека ќе бидеш со мене.
Брат мој, кога ќе ти кажев бато, а ти ме гледаш со најубавата насмевка. Почивај во мир. Се гледаме на подобро место – рекла Милица потполно обземена од болка, а потоа со тага откри дека најголемо жалење и е што не се збогувала со брат и.
– Заштити ме, како што се обидов да те заштитам од се – напиша пејачката со емотикон со скршено срце.
Да потсетиме, Милица Костадиновиќ се натпреваруваше во тековната сезона на „Ѕвезда Гранда“, а по елиминацијата од шоуто Саша Поповиќ донесе одлука да ја врати во натпреварувањето, а потоа повторно испадна во саботата.