Спортскиот свет завиен во црно: Почина познатиот фудбалски работник

Фудбалска Италија е завиена во црно откако денеска на 57-годишна возраст почина Џо Бароне, генералниот директор на Фиорентина кој ја загуби најважната битка, два дена по срцевиот удар што го имаше во хотел во Бергамо пред дуелот на неговиот тим со Аталанта.

Мечот беше одложен, Бароне пренесен во клиниката „Сан Рафаеле“ во Милано каде лекарите долго време се бореа за неговиот живот, за денеска да биде објавена трагичната вест.

Во последните 24 часа беше најавуван ваков исход по песимизмот искажан од лекарскиот тим, а откако најблиското семејство утрово пристигна во клиниката во Милано тоа беше окарактеризирано како „последно збогување“ со Џо.

За жал, до чудо не дојде па попладнево беше објавено дека Џо Бароне починал.

Тој од 2019 година ја извршуваше функцијата генерален менаџер на Фиорентина и важеше за десна рака на сопственикот Роко Комисо.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде