Драма на небото: Сред лет откажал моторот на авионот, па пилотите барале итно слетување

Пилотите на австралиската авиокомпанија Qantas Airways слетаа безбедно во Перт и покрај дефектот на еден од двата мотори.

Пилотите на авионот Ербас А330-200, на релација Мелбурн – Перт, побарале дозвола за приоритетно слетување во понеделникот вечерта,

што успешно го извршиле со помош на преостанатиот мотор, пренесува Ројтерс.

Дефектите на моторот се ретки, но авионите со два мотори се дизајнирани да летаат само со еден, за што се обучени пилотите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде