Девојчето Данка Илиќ денеска си играло во Бањско поле кај Брестовачка бања со мајка си и тригодишниот брат и исчезнала без трага додека мајката ивана му давала вода на синот.
– Живееме во Бор. Ги донесов да трчаат наоколу и да се прошетаат. Моите родители се од тука и како дете често престојував таму – вели мајката на Данка, Ивана.
Девојчето носи маслинесто зелена јакна и виолетови панталони. Косата и е врзана во репче.
– Кога се свртев, ја немаше. Уште нема две години, во мај ќе наполни две години. Не зборува уште. Викав по неа, таа не ми одговори. Во близина има една шумичка. Му се молам на Бога што побрзо да ја најдеме – очајна е Ивана.
По Данка трагаат и полицијата и пожарникарите, а на терен има и припадници на Планинарската спасувачка служба и бројни мештани.
Постојано пристигнуваат и борчани. Се пребарува секоја педа од оваа урбана населба, една од најубавите бањи во Србија, Брестовачка.
И родителите и пријателите ги замолуваат сите што ја виделе Данка да се обратат во најблиската полиција, бидејќи почна да врне и се стемнува, секоја информација е важна.
Родителите апелираа до сите кои ќе ја видат веднаш да се јават во полиција или да се обратат на бројот 0652816041.