УХМР утрово со метео аларм: Еве какво време не очекува

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер  со брзина од над 60 километри на час од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)  прогнозира дека минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 18 степени.

УХМР најавува дека утре претпладне ќе има врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од југозападен правец (над 60 километри на час).

Во текот на денот облачноста ќе се намали и потоа следува период на сончево и топло време со пораст на температурата. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде