Седумнаесет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случила меѓу автобус и камион на автопатот во близина на градот Дузче, северозападна Турција, јави Си-Ен-Ен.
Според пишувањата, автобусот патувал за Анкара.
Несреќата се случила околу 13 часот по локално време, откако автобусот се судрил со камион кој се движел во истиот правец. Автобусот потоа удрил во заштитната ограда на патот.
На подрачјето на инцидентот се испратени екипи на полицијата, противпожарната служба и многу возила на брза помош.
Возачот останал заробен во возилото, но бил спасен од пожарникарите.