Репортерите на српски „Блиц“ се на терен, а според мештаните сите се во шок поради мистериозното исчезнување на Данка Илиќ.
Многумина сега се сомневаат дека малата Данка е киднапирана, а особено ги исплаши фактот што, според соопштението на МУП, девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри.
Ова е навистина страшно, толку многу луѓе, полиција, а ни знак или глас од малата Данка. Се сомневаме дека е киднапирана… – раскажуваат за „Блиц“ жителите каде вчера во 13 часот исчезна девојчето Данка Илиќ (2).
На терен веќе се слушаат различни теории кои мештаните ги изнесуваат меѓу себе, а како што повеќето велат „ситуацијата е многу чудна“.
Најмногу ми е жал за малото девојче. Во селото сега се зборува за секакви работи. Велат дека неодамна ги направила првите чекори… Таа е вистинско мало ангелче, преслатка е – вели една од соседите.
Според нив, во куќата во чиј двор била Данка Илиќ пред нејзиното исчезнување, мајката дошла со татко и и децата да направи нешто во градината и да ги изнесе децата.
Да потсетиме, исчезнатата Данка Илиќ (2) исчезна во вторникот околу 13 часот во приградската населба Бањско поле кај градот Бор. Потрагата по девојчето се уште трае, а како што соопштија од полицијата, операцијата траела цела ноќ.