Славниот англиски фудбалер Лари Лојд почина на 76 години, објавија медиумите од Англија. Лојд е познат по двете титули европски шампион со Нотингем Форест во далечните 1979 и 1980 година.
Тоа беа годините на супер тимот на Нотингем под раководство на Брајан Клаф каде што Лојд бил стандарден дефанзивец.
Лојд кариерата ја почнал во Бристол, во седумдесеттите години играше за Ливерпул предводен од Бил Шенкли.
Ја освои титулата во Англија и Купот на УЕФА, одигра преку 200 натпревари до 1974 година и потоа прејде во Ковентри, а потоа во Нотингем Форест додека биле во втората лига. Од 1976 до 1981 година Лојд одиграл 214 натпревари за овој клуб, а кариерата ја завршил во Виган.
По завршувањето на кариерата кратко бил тренер на Виган и Нотс Каунти, но потоа работел како радио водител и се занимавал со продажба на недвижности.