Тажна вест го потресе Балканот: Почина легендарната музичка звезда од поранешна Југославија

На 87-годишна возраст почина легендарната пејачка на поранешна Југославија Вера Свобода, а тажната вест ја потврди нејзината ќерка Весна Њикош Печкај.

Вера Свобода беше хрватска пејачка на забавни, народни и староградски песни. Родена е во Осиек. Студирала и дипломирала англиски јазик на Педагошката академија во Осјек.

Почнала да пее на 16 години, со текот на времето почнала да настапува на бројни фестивали на забавна и тамбурашка музика.

Таа беше една од најголемите музички ѕвезди во седумдесетите во поранешна Југославија. Под издавачката куќа Кроација рекордс (поранешен Југотон) снимила петнаесет плочи „лонг плеј“, пет ЦД-а, дваесет касети, а за потребите на ХРТ над 300 народни, староградски, забавни и патриотски песни.

Таа се омажи за познатиот музиколог и новинар Хулио Њикош, кој беше продуцент и аранжер на повеќето нејзини песни.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде