Пет лица загинаа во вчерашното невреме во Полска, откако паднале дрвја врз нив, кога налети на ветровите достигнуваа 155 километри на час.
Во градот Рабка-Здрој двајца возрасни и едно дете загинаа под дрво, соопштија пожарникарите. Во Закопане 23-годишна жена и деветгодишно момче загинаа во слични околности.
Пожарникарите вчера изутрина интервенирале 140 пати за да ги отстранат дрвјата од улиците и да им помогнат на сопствениците на куќи со уништените покриви, јавуваат локалните медиуми.
Силни ветрови ја погодија јужна Полска по три дена невообичаено топло време.
На 30 март температурите достигнаа рекордно високо ниво за март, 26,4 степени беа измерени во градот Тарнов.