Голема трагедија во соседството: Во страотна сообраќајка загинаа осум лица

Голема трагедија во соседството: Во страотна сообраќајка загинаа осум лица

Целосно е уништено возилото, кое изутрината околу 4 часот во близина на Келсире, град во јужна Албанија, го загубило правецот и паднал во брегот на реката Вјоса.

Пронајдени се мртви осум луѓе, за кои полицијата се сомнева дека се мигранти од Блискиот Исток.  

Возачот на автомобилот е од Скадар.

На местото на настанот се тимови на Обвинителството, полицијата, Граничното одделение и две групи на Националните безбедносни сили.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде