Нови страотни снимки од Тајван: Луѓето спасуваа жива глава во разорниот земјотрес од 7,4 степени

Тајван го погоди земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтер, најсилниот во последните 25 години.

Неколку згради беа урнати. Најмалку четворица се мртви, а има и заробени во урнатините.

Телевизиските станици емитуваа снимки од згради како се нишаат во густо населениот источен град Хуалиен, во близина на епицентарот на земјотресот.

Земјотресот, кој предизвика прекин на електричната енергија во главниот град Тајпеј, се случи во 7:58 часот по локално време на длабочина од 15,5 километри од јужниот брег на Тајван, соопшти државната сеизмолошка служба.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде