ВОНРЕДНО: Македонски автобус учествувал во сообраќајка во Италија – Загина возачот, повредени 12 македонски државјани

Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот.

Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Рим информирано е дека денес на автопатот меѓу

градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија се случила сообраќајна незгода во која учествувал автобус на туристичка агенција од Македонија.

-Во несреќата на лице место починал возачот на автобусот, Р. И. (1965 година) државјанин на Северна Македонија, додека полесно повредени се 12 патници, исто така наши државјани, информира МНР.

Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде