Вечерва тешка сообраќајка, ова се првичните информации

Вечерва во скопски Чаир се случила тешка сообраќајна несреќа во која се превртел еден автомобил на улицата „Цветан Димов“.

Според неофицијални информации, до несреќата дошло откако возилото удрило во бетонскиот ѕид кој ги двои коловозните ленти на улицата

Од превртенот возило се оштетени неколку паркирани автомобили непосредно до него.

Сообраќајот е во прекин, а на местото на настанот е пристигната и екипа на Брзата помош, како и полициски службеници.

Дополнително, околу превртеното возило е насобрана поголема група граѓани.

Засега нема информации од Министерството за внатрешни работи за тоа како точно се случила несреќата и дали има повредени лица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде