Мајката на убиецот на Данка ја нападна полицијата: Ми ја уништивте куќата!

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан и покојниот Далибор Драгијевиќ, осомничени дека заедно со нивниот татко учествувале во убиството на малата Данка, односно во криењето на нејзиното тело, се пожалила на новинарката на Информер дека полицијата и ја уништила куќата и го ископала дворот.

Денеска бев на гробишта, подготвив се за погребот на мојот син Далибор во четврток. Купив и ковчег и цвеќиња и се… Во хаос сум, пак ќе дојде брза помош – се пожалила на репортерот на Информер.

Конкретно се пожалила од полицијата, тврдејќи дека и ја „уништиле куќата“.

-Полицијата ми ја уништи куќата, ископа и уништи сè, ми земаа работи од куќата, не ми се верува што ми се случува. Не се чувствувам добро, очекувам да ми дојде адвокат – изјави Светлана.

На крајот додаде дека се уште не верува оти нејзиниот сопруг и децата учествувале во злосторството.

Не знам ништо за сопругот, кој е во притвор, но сигурно и нему му е тешко што му почина синот. Не знам ништо за убиството на Данка, не е можно во тоа да се вмешани моите синови – вели Светлана.

Извор: Информер

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде