„Замина мојата душата, сè на светот“: Естрадата во шок, се самоуби натпреварувач од Ѕвездите на Гранд

Поранешниот учесник на српското музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ Мујо Хоџиќ почина во вторник на 26-годишна возраст.

Потресната вест ја споделија неговите најблиски кои со тажни пораки се простија од прерано починатиот пејач.

Мујо го остави зад себе неутешеното семејство, како и сопругата Лејла, која јавно се прости од саканиот сопруг.

– Замина мојата душата, сè на светот – напиша таа заедно со заедничка фотографија, додека во коментарите следеа изјави за сочувство.

Од „Гранд продукција“ објавија дека пејачот се самоубил поради психички проблеми.

За потсетување, Мујо си ја испроба среќата во „Ѕвездите на Гранд“ во сезоната 2018/2019 кога настапи со песни од Маринко Роквиќ и Ѓани.

Откако ги испеа двете песни, натпреварувачот сепак го заврши настапот без гласови.

– Штета што не видовте како изгледаше додека пееше. Беше навистина насмеан – коментирал тогаш Саша Поповиќ.

И покрај тоа што не се пласирал во вториот круг, очигледно беше дека Саша Поповиќ го препознал неговиот талент и харизма кога побарал од него да се пријави во натпреварувањето следната сезона.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде