Славчо Попоски утрово објави:
ОФИЦИЈАЛНО: Од среда БУРНА промена на времето: Пад на температурите на Балканот и за повеќе од 20 степени!
Во продолжение последната анализа на Попоски:
Состојбата за следната седмица почитувани мои уште од сега е многу јасна, ни следува вистински есенско-зимски продор од север и големо заладување на времето,
кое во целиот регион ќе предизвика обилни врнежи од дожд, силен ветер, грмежи, па дури и врнежи од снег, како и формирање на снежна покривка. Овој бран секако ќе ја зафати и нашата територија од среда.
Температурите од среда на Балканот ќе опаднат дури за повеќе од 15 степени во однос на вторникот кога ќе имаме сеуште рано-летни температури на воздухот.
Покрај ова, следната седмица очекуваме и појава на утрински мразеви, па така особено лошо ова ќе се одрази врз расцветаните овошки.