,,Твојот аманет за добри дела и вистинско пријателство ќе остане со нас”: Почина Драгче од МТСП

Министерката Тренчевска ја објави тажната вест:

Да се запознае храбра жена како Драгче наша е привилегија на овој свет.

Беше нашиот разум кога беше потребно, беше нашиот глас кога бевме најтивки и беше позитивната енергија кога деновите беа тешки!

На наша огромна тага вчера вечер кабинетот остана без нашата личност која имаше добар збор, совет, трпение и разбирање за секого од нас.

Твојот аманет за добри дела и вистинско пријателство ќе остане со нас.

Нека ти е светол патот.
🕊Почивај во мир!

За последен поздрав телото ќе биде изложено утре, 14.04.2024 година
од 11 часот до 12 часот во капелата на гробиштата во Бутел.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде