Оваа недела почина Ранко Ковачевиќ, познат српски театарски, ТВ и филмски актер, а денеска беше погребан на Новите гробишта во Белград.
Ранко почина пред неколку дена на 90-годишна возраст, а неговата кариера ја одбележаа епизодни ликови. Роден е во 1934 година во Соколац, а починал во Белград.
Ранко еднаш се осврна на својата кариера.
– Одамна сум во пензија и веќе сум, да ви кажам право, заборавен. Отидов таму, направивме една проба, една снимка и веднаш снимавме. Сите беа воодушевени, се беше совршено – изјави тој.
– Често менував театри, одев од еден во друг. Добро беше и што нашата генерација актери направи многу филмски копродукции. Работевме со Англичаните, Германците, Италијанците… тоа секогаш добро ќе ни дојде бидејќи платите на актерите секогаш беа ниски – заклучи тогаш Ковачевиќ.