Почина големиот шампион: Доживеа мозочен удар додека возеше

Вили Лимонд, некогаш голем боксерски шампион, е пронајден мртов

Некогаш големиот боксерски шампион, Вили Лимонд почина на 45-годишна возраст, откако беше пронајден без знаци на живот зад воланот на својот автомобил, пренесува англиски Дејли Мејл.

Поранешниот боксер, наводно, доживеал мозочен удар додека возел пред јавниот тренинг кој бил планиран да се одржи во Глазгов.

Лимонд требаше да се врати во професионалниот бокс за само неколку недели. Тој имаше несреќа во текот на претходната недела кога беше пренесен во болница, но на крајот, за жал, не можеше да се спаси.

Шкотскиот боксер во текот на својата кариера учествуваше во 42 од 48 борби, а меѓу другото ја отвори и европската титула во супер-перо категорија, а беше и шампион на Комонвелтот во лесна и суперлесна категорија.

Зад себе остави два сина. Тој требаше да се бори со Џо Лоус на 3 мај во Глазгов кога требаше да се врати на боксерската сцена, но за жал тој настан нема да се случи. Неговиот некогаш голем ривал, Кертис Вудхаус се прости од Лимонд со овие зборови:

– Целосно сум скршен откако дознав дека почина Вили Лимонд, голем борец и голем човек. Одржувавме контакт по нашата борба и цело време се смеевме заедно. Многу ми е жал. Почивај во мир шампионе – напиша Водхаус.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде