Студеното време што ја зафати Хрватска прво стигна на северот и североисточниот дел на Словенија, проследен со невреме со врнежи, силни налети на ветер и град.
Поради силниот ветер издадено е портокалово предупредување за југозападниот дел од земјата и за централна Словенија. Во поголем дел од Словенија попладнево температурите се движат од 0 до 6 Целзиусови степени. Neurje.si објави и анимација за тоа како се движи студениот фронт. Снег се очекува на околу 500 метри надморска височина, а некаде и на пониски места. Во низините се очекува снег од неколку сантиметри.
Приливот на студен поларен воздух кон Алпите ќе трае најмалку уште една недела, па дури и подолго.
Во Хрватска пристигна најавената промена на времето. Хидрометеоролошкиот завод на земјата (ДХМЗ) предупреди на посилни грмежи, а во Загорје падна снег.
Влошување на времето и пад на температурите до крајот на денот се најавуваат и во БиХ. Во наредните часови нагло опаѓање на температурите се очекува во северозападниот, северниот и североисточниот дел на Босна.
Најава за Македонија: Од среда до почетокот на следната седмица подрачјето на нашава земја ќе биде под влијание на серија на влажни бранови кои што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Во среда и четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме.