Голема временска промена пристигна во Хрватска. Снегот побели делови од таа земја. И покрај бројните најави на метеоролозите, тој го изненади населението.
Во Загреб за 24 часа температурите паднаа за дури 20 степени Целзиусови.
Во Загорје и Меѓумурје температурата на воздухот во 14 часот се движеше од 3 до 5 степени, а во остатокот од северозападна и северна Хрватска од 5 до 9 степени.
Во Горски Котар и Славонија температурите се од 9 до 19°С, а пред промената на времето на истокот од Славонија температурите достигнаа и до 28°С, пишува Далмација Данас.
Како што најавуваат од ДХМЗ, засилена облачност со врнежи од дожд од северозапад од земјава постепено ќе се прошири и во останатите делови од земјава.
Ќе има и врнежи со грмежи на места, поизразени на Јадранот. Со значително заладување врнежите од дожд ќе преминат во снег на планините и на некои низини со формирање на потенка снежна покривка во Горски Котар.
На Јадранот југот вечерва се врти кон силен и бурен дожд, најпрвин во северниот дел.
Погледнете како изгледаат делови од Хрватска покриени со снег: