Што значи кога ќе падне снег во април? Во народното верување има многу силна симболика

Кај нас не се случува толку често да паѓа снег во април, но тоа во народното верување има многу силна симболика. Според верувањето, ненадејната промена на времето е предупредување од природата за луѓето да внимаваат на нивното однесување, но и да ги решат дилемите кои долго време ги мачат.

Иако, снегот во четвртиот календарски месец ретко паѓа, сепак временските услови од деновиве предупредуваат дека „опашката“ на Баба Марта може да се протега подолго отколку што се надевавме.

Според народното верување, станува збор за „бабините денови“ кои траат од крајот на март до дури средината на април. Тогаш може да се случи да дуваат студени ветрови и покрај тоа што не им е редот, но и да напаѓа лапавица.

Бидејќи пролетта е олицетворение на ново будење на природата, повторно раѓање и постигнување хармонија, доколку тоа не се случи, природата нè предупредува да внимаваме на нашето однесување и да почнеме да живееме во хармонија со природата, едни со други и со самите себе.

А еве каква година, според народните верувања, не очекува врз основа на метеоролошките услови во април:

– Ако април е убав, мај нема!

– Ако април е влажен, мај е цветен

– Априлскиот дожд е благослов, мајскиот е уште подобар.

– Април на дожд, мај цут.

– Влажен април, сув јуни. Сув април, влажен јуни.

– Ведрите ноќи во април се лоши и за овошјето и за виното.

– По априлските грмотевици веќе нема мраз.

– Колку е потивок и поубав април, толку е полут и побесен мај.

Верувањето понатаму вели дека снегот во април не потсетува да го решиме она што не го направивме во претходните месеци, што нè спречува да продолжиме напред. Ако го направите ова, среќата и просперитетот ќе ве следат во месеците што доаѓаат.

Исто така, добар период е да започнете нешто ново, бидејќи тоа ќе биде бериќетно.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде