И покрај тоа што веќе еден месец сме во пролет, сепак, зимата покажува дека нема намера да си „оди“.
После снегот кој беше присутен во Маврово и на Попова Шапка вчера, денеска има снег и на превојот „Стража“.
На патот од Гостивар кон Кичево вее снег со слаб интензитет.
Температурата на превојот е два степени, што е невобичаено за овој период од годината.
За потсетување дека минатата недела температурите пораснаа и до 30 степени.